25 Април, 2024
0.0275

Неконтролирани грантови: Компјутери и бироа за во фирма или за по дома?

Објавено во: Економија 10 Декември, 2018

Добивај вести на Viber


Мерките и програмите раководени од Министерството за труд и социјална политика со кои се даваат грантови за опрема и материјали за самовработени се најде под „скенерот“ за Заводот за ревизија, најмногу поради тоа што во 2017-та најчесто не се наведувала спецификацијата за да се види дали соодветно се трошеле средствата за потребни бироа, компјутери, телефони и други потребни реквизити.

Исплатени се безмалку 500 милиони денари за набавка на опрема и материјали за започнување на бизнис, односно за создавање на нови работни места преку мерките самовработување, старт-ап за млади и поддршка за микро и мали претпријатија.

Од Ревизија ја критикуваат Агенцијата за вработување дека не проверувала дали илјадниците корисници она што го купувале со грантовите е навистина за нивните новопечени фирми или се крие друг мотив и злоупотреба на прилика.

При потпишувањето на договорите за доделување на средствата изостанувала потребната спецификација за тоа каква опрема е потребна и требало да биде впишана во моментот кога се потпишува и грантот. Кај договорите кај кои имало спецификација, таа често не била соодветна на видот и бројот на набавената опрема и материјали.

- Причина за постоење на вакви грешки и пропусти, делумно се должи на отсуство на активности за следење на успешноста на програмите, иако истите се предвидени во одредбите од оперативните упатства - се вели во ревизорскиот извештај.

Од таму додаваат дека надлежните институции признале дека потфрлиле во контролата. Немале целосен увид како корисниците ги вршеле набавките и тоа претставува ризик за ненаменско користење на буџетски пари. 

- Како причина за отсуство на контроли тие ги наведоа големиот број обврски и малиот број работници на терен. Во текот на извршување на ревизијата во некои центри за вработување во план беа активности за теренска контрола на корисниците - пишува во истиот и се бара зголемување на транспарентноста и отчетноста во трошењето на буџетските средства.

За самовработување преку микро-претпријатие следува неповратен грант во износ од  246.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или материјали. Во една од програмите, исто така, на микро, мали и средни претпријатија им се дава неповратен грант во форма на опрема и материјали во вредност од 92.000 денари за ново работно место. Постојат и други слични програми со пома финансиски фонд.

Постојат временски ограничувања до кога корисниците на грантовите можат да престанат со работа и повторно да се пријавуваат како невработени. Програмата трае веќе 12 години, а последниот повик заврши на крајот од минатиот месец.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?