20 Јануари, 2020
0.0168

Нема апанажа за Катица Јанева

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

Во Собранието денеска е  одбиено барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. 

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата  едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. 

На седницата беше констатирано од формално правен аспект дека не постојат причини за прифаќање на барањето, затоа што таа не е избрана од Собранието.

Јанева е обвинета во случајот „Рекет“. 

Пратеничката Ивана Туфегџиќ е разочарана од тоа што поранешната шефица на СЈО, Јанева побарала апанажа.

„Дрскоста на Јанева да побара апанажа мене ми укажува на тоа дека оваа држава има проблем со избирање на личности. Мене ми е жал што денеска морам да констатирам уште една дрскост. Јанева како секој граѓанин има пресумпција на невиност и верувам дека во фер постапка ќе ја докаже својата невиност или вина“, рече Туфегџиќ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски смета дека обвинетата во случајот „Рекет“, Катица Јанева треба да проговори јавно во судскиот процес за целата афера.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова прашува дали Јанева има образ да бара апанажа. 

Јанева засега не признава вина, иако тоа го стори Зоран Милевски Кичеец, обвинет во „Рекет“,  кој доби три години затвор. 

Можеби ќе ве интересира

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Две лица се степале во партиски штаб во Кисела Вода

Две лица се степале во партиски штаб во Кисела Вода

ОБЈАВА НА ПРОФИЛОТ НА 1ТВ: Jавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за „Рекет“

ОБЈАВА НА ПРОФИЛОТ НА 1ТВ: Jавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за „Рекет“

Командир од Полициска станица во Гази Баба сексуално вознемирувал полициска службеничка

Командир од Полициска станица во Гази Баба сексуално вознемирувал полициска службеничка

Триесет и тригодишник загинал откако автомобилот во кој се возел излетал од коловозот

Триесет и тригодишник загинал откако автомобилот во кој се возел излетал од коловозот

Одложени „ТНТ“, „Тендери“ и „Рекет“

Одложени „ТНТ“, „Тендери“ и „Рекет“

Заев ги договара, ама сакал и да ги растовари осуммината независни пратеници

Заев ги договара, ама сакал и да ги растовари осуммината независни пратеници

БУГАРСКО ОБВИНИТЕЛСТВО - отпадот не бил опасен, но имало железо, хартија и текстил

БУГАРСКО ОБВИНИТЕЛСТВО - отпадот не бил опасен, но имало железо, хартија и текстил

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева