19 Април, 2024
0.0290

НЕМА ДА БИДАТ ПОТРЕБНИ ДУРИ 300 ИЛЈАДИ ЕВРА - многу полесно ќе се основаат друштва за управување со инвестициски фондови

Објавено во: Финансии 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Нема да бидат потребни дури 300.000 евра за да се основа друштво за управување со отворен инвестициски фонд. Наместо како досега, таа сума ќе се сведе на помалку од двојно, односно на 125.000 евра.

Покрај ова намалување на износот, во иднина општо ќе биде полесно да се основа инвестициски фонд во земјава, откако Собранието ќе ги изгласа измените на Законот за инвестициски фондови, кои се веќе доставени на разгледување пред народните избраници.

Законските измени ги подготвила Владата, а меѓу другото, целта е ова законско решение да се прилагоди и на европските директиви.

Како што е познато, според сегашниот закон, друштвата за управување со инвестициските фондови имаат обврска да прибираат и да одржуваат капитал во висина од 300.000 евра. Со цел да се олеснат условите за работа на овие фондови, со предлог законот се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра за да може да се основа, а се брише и обврската да мора да ја одржува оваа висина на средства.

Исто така, друштвата за управување со инвестициските фондови сега имаат обврска да подготвуваат и доставуваат до Комисијата за хартии од вредност полугодишни ревидирани финансиски извештаи, како и да го доставуваат нивниот рекламен материјал на одобрување до Комисијата, што дополнително го поскапува нивното работење. Со предлог законот и тие обврски се бришат, како и обврските за објавување на проспекти во два дневни весника.

Со законските измени се брише и ограничувањето едно домашно и странско физичко или правно лице и со него поврзани лица да можат да имаат квалификувано учество само во едно друштво за управување.

Како што е познато, досега потенцијалниот инвеститор стануваше сопственик на удели во фондот со приложување на доказ во друштвото дека уплатил пари на сметка во банка потребни за купување на удели. Но, од Владата велат дека со цел да се заштитат неговите права како инвеститор, праксата покажала дека е добро помеѓу друштвото и инвеститорот да се склучи договор, со цел во иднина инвеститорот да има основ да се жали доколку се повредени неговите права. Затоа се воведува обврска друштвото за управување и потенцијалниот купувач на удели да склучат договор за вложување, пред инвеститорот да купи удели.

Со предложените измени се уредуваат и условите за отворањето на филијала на странско друштво за управување на територијата на земјава,а се воведува и можност друштво за управување од земјава да може стекне учество во странско друштво или преку отворање на филијала во странство, за што е потребно да добие согласност од Комисијата.

Еве дел од одредбите од обемниот предлог закон.

„Сопствени средства на друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови претставуваат збир на почетниот капитал и дополнителниот капитал на друштвото за управување пресметани согласно методологијата пропишана од страна на КХВ“, се вели во предлог законот.

Натаму, се додава дека најмалиот износ на почетен капитал потребен за основање на друштво за управување изнесува 125.000 евра во денарска противвредност, по среден курс на НБМ на денот на поднесување на барањето за издавање дозвола до КХВ.

Во случај кога нето вредноста на имотот на инвестицискиот фонд, односно фондовите со кои управува друштвото го надмине износот од 250.000.000 евра, тоа е должно да обезбеди дополнителен износ на капитал еднаков на 0,02 отсто од износот за кој нето вредноста на имотот го надминува износот од 250.000.000 евра. Почетниот капитал и дополнителниот износ на капиталот не смеат да изнесуваат повеќе од 10.000.000 евра.

„Почетниот капитал и сите натамошни негови зголемувања мора да бидат уплатени единствено во паричен облик и да бидат уплатени во целост“, се вели во предлог законот.

А, сопствените средства на друштвото за управување мора во секој момент да бидат еднакви или поголеми или од почетниот капитал или од една четвртина од општите фиксни трошоци наведени во билансот на успех за претходната година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин