24 Април, 2024
0.0281

НЕМА ДА ИМА РЕСТРИКЦИИ И ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПО ИЗБОРИТЕ - Филипче ги расчисти дилемите

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

По изборите што ќе се одржат на 15 јули, нема да има вражање на рестриктивните мерки во земјава. 

Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека кај нас нема најава дека е потребна некаква дополнителна мерка, бидејќи за разлика од Србија, каде имаше големи собири на спортски натпревари, кај нас овие собири за забранети.

„Може да се одигруваат спортски натпревари, но без публика, бидејќи знаеме дека тоа е еден огромен ризик. Во таа смисла и моментот кога треба да се воведе рестрикција, треба добро да се оцени, затоа што во даден момент можеби и е многу доцна“, кажа Филипче.

Тој, исто така, изјави дека во последниот период има сѐ помал број пациенти во болниците, како и дека просекот на новодијагностицирани секој ден се намалува.

„Рестриктивна мерка се воведува тогаш кога ќе се оцени дека има ризик по здравствениот систем и тоа ни беше потврдено од страна на експертот од Светската здравствена организација, кој беше во посета. Тоа е единствена дополнителна мерка на сите оние мерки што сега важат кај нас, ама не важеа во околните земји“, изјави Филипче. Тој напомена дека каква било форма на собир каде што нема да се одржува дистанцата и граѓаните нема да носат маски, асполутно е ризик, како по здравјето на таму присутните, така и по здравјето на сите нивни блиски.

„Препорака апсолутно имало, има и сега и ќе има и во иднина за секаква форма на масовно собирање. Но, секогаш доаѓаме до истата поента, а тоа е дека огромен дел во целата борба против коронавирусот останува на свеста и совеста на народот. И она што се случуваше во изминатиот период новите случаи вториот бран, почетокот, трансмисијата после тоа го поврзуваме со настани коишто овие превентивни мерки не се почитуваат“, рече Филипче.

Тој верува дека во последните денови од кампањата, а и вечерта по изборите кога ќе се знаат резултатите, ќе се почитуват апсолутно сите протоколи.

„Ние практично секојдневно на утринските состаноци на КЗБ разгледуваме различни барања, од организатори на настани на отворено, на затворено, свадбите дали ќе се организираат или не беше прашање пред некој ден. За сѐ важат истите препораки. И повторно ќе се вратам на тоа дека новите случаи се исклучиво таму каде што мерките не се почитуваат“, изјави Филипче.

Како што е познато, по изборите во Србија, српскиот претседател Алексдандар Вучиќ најави воведување на полициски час за Белград за време на викендот, што веќе два дена предизвикуваше масовни протести во таа држава.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката