НЕМА ФИРМА ДА ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“: На тендерот не се јави никој, Општина Чаир денеска распишува нов
Објавено во: Економија 06 Август, 2020
На тендерот што
го распиша Општина Чаир за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“ не се пријавила
ниту една фирма, заради што вчера немаше јавно отворање на понудите.
Од општитната појаснуваат дека во тендерот немало некои посебни услови кои требало да ги исполнат заинтересираните фирми, но како и да е, како што велат оттаму, овој тендер е веќе поништен, а се очекува веќе денеска да распишат нов.
-И ние сакаме што побрзо да се отстрани диво изградениот објект. Во тендерот нема посебни услови, па ги повикуваме фирмите да се пријават. Новата тендерска постапка за доставување на понуди ќе трае 7 дена, велат од Општина Чаир, од каде уверуваат дека нема да отстапат од намерата да се отстрани дивоградбата.