НЕМА ЛЕКОВИ ВО РУСКИТЕ АПТЕКИ: Путин призна дека имаат проблеми
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2023
Во руските аптеки фалат лекови. Дека состојбата е лоша призна рускиот претседател Владимир Путин. Околу 60 проценти од лековите на пазарот се домашни.
Путин изјави дека во Русија има недостиг на некои лекови и дека цените се зголемени и покрај тоа што државата произведува повеќе свои лекови.
„Имаше недостиг на некои лекови, и покрај фактот што видовме дека производството на фармацевтски производи во (првите) три квартали од минатата година се зголеми за околу 22 отсто“, рече Путин.
Лековите на рецепт се изземени од западните санкции. Сепак нивното снабдување во Русија зависи од транспортот, осигурувањето и царинските бариери предизвикани од војната и другите рестриктивни мерки.
Набргу откако Русија ја нападна Украина во февруари лани, Русите побрзаа да набават лекови, купувајќи количини за две недели.
ЕУ и САД воведоа повеќе сетови на санкции за Русија поради војната која таа ја почна во Украина.