20 Април, 2024
0.0282

Нема македонска фирма која може да го заполни гасоводот од Клечовце до Штип со гас

Објавено во: Економија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

За најдоцна два месецa треба да протече гас низ делот од магистралниот гасовод од Клечовце до Штип по што дел од фабриките во штипската индустриска зона ќе можат да го користат гасот како енергенс. За ова најави имаше уште за време на минатата власт, но и покрај тоа што гасоводот на овој крак е готов тоа не се случи досега. 

Од Македонски енергетски ресурси (МЕР) велат дека тенедерот за избор на фирма која ќе ги заполни цевките со гас е готов, но чека на објава кога и официјално ќе биде извршена промената во Централниот регистар во директорската фотелја на оваа државна компанија. Единствен проблем кој евентуално може да се јави, велат за Фактор добро упатени извори е што заполнувањето не може да го направи ниту една македонска компанија. Овде никој немал искуство за тоа, па и да се пријави на тендерот ќе мора да се учествува заедно со некоја странска или ќе мора да користи знаење од странци за процесот да биде успешен.

Извори од МЕР велат дека очекуваат сепак, тоа да се случи во следните два месеци и да нема ново одложување. Се тврди дека во тој период ќе почне и работата на терен на другите делови каде се гради магистралната гасоводна мрежа. Работата ја кочеше досега и лошото време, ама и нерешени имотно правни работи и експропријацијата. Треба да се работи на потегот од Штип до Неготино и оттаму до Битола, но и од Скопје до Гостивар со крак до Тетово. За овие делови веќе се купени и цевки и тие моментно стојат во фабриката ФЗЦ 11 октомври во Куманово. Оттаму потврдуваат дека цевките во вкупна должина од 80 километри цевки се во добра состојба но дека е точно оти поради тоа што се складирани таму од јануари лани, почнале да појавуваат корозија и да се разјадуваат.

Според роковите кои ги најавуваат надлежните, до 2020 година ќе се изградат краците на магистралниот гасовод од Штип до Неготино и до Битола, и од Скопје до Гостивар и Тетово. За годинава веќе се обезбедени 32 милиони евра за градба и осум милиони евра за средување на имотно правните работи.

Националниот гасовод во првата фаза опфаќа 17 општини во кој ќе се вклучени министерства и повеќе институции. Во земјава со години е функционална магистралната гасоводна мрежа од границата со Бугарија до Скопје, а гасот од оваа мрежа е достапен во Куманово. Од гасоводниот прстен околу главниот град приклучок на гас имаат само Клиничкиот центар и неколку средни училишта. 

Александра Мисовска


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите