28 Март, 2024
0.1744

НЕМА МИР ВО ФИНАНСИИ - двете дами пак распалија една против друга

Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Заедничката фотографија која вчера ја објави министерката за финансии Нина Ангеловска со новата дополнителна заменичка во нејзиниот ресор, Гордана Дмитриевска Кочовска, очигледно дека не ги смири страстите меѓу двете дами во Финансии.  

Проблемите избија откако се откри мејл со кој на вработените им се наложува да не комуницираат директно со Кочовска, а имаа и забрана да даваат документи и информации на дополнителната заменичка-министерка. Ангеловска со мејлот дури назначила и лице без кое не може да помине ниту една информација со Кочовска. 

Ова, пак, беше демантирано од Министерството за финансии. Тие, иако не го демантираа постоењето на таков документ, рекоа дека не станува збор за забранета комуникација, туку тоа е дел од процедурите за работа.

Техничката заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска излезе на прес конференција, на која објави дека е загрижена и разочарана од опструкциите со кои што се соочува во Министерството за финансии. Таа се пожали дека на вработените во ова министерство им било забрането директно да одговараат на нејзините мејлови и барања за увид во документацијата. Секој одговор наменет за неа требало претходно да биде одобрен од кабинетот на министерката Нина Ангеловска. 

Според Кочовска, веројатно има причина зошто нешто се крие. Таа ја обвинува власта за нетранспарентност и нереално буџетско планирање, поради што државата е приморана дополнително да се задолжува. Поточно, лани во буцетот биле прибрани за речиси 25 отсто помалку пари од даноци во однос на планираното. Тој податок, според заменик министерката, е индикатор дека економијата стагнира а бизнис амбиентот е неповолен. 

„Сведоци сме на немил настан каде од кабинетот на министерката беше испратен мејл каде јасно се кажува дека на секое мое обраќање нема да ми одговараат директно, односно тоа прво да оди до министерството на одобрување, па до мене. Разочарана сум. Имам непречено право за увид на документи и вработените се должни да ги достават документите“, рече Димитриевска Кочовска.

За падот на даночните приходи рече дека тоа јасно покажува дека стагнира економијата. „Имаме огромна грешка при планирањето, а со ребалансот не се коригирало. Тоа укажува дека Владата не се грижи за бизнисот. Товарот е врз бизнисот, а падот на данокот е знак дека бизнисот има проблем“, рече Кочовска.

За задолжувањето има зошто нереално се планира, рече заменичката.

Според неа, опструкциите во нејзиното работење се гледале и од тоа дека не била добро дадена најавата за нејзината прес конференција. Таа денеска испратила барање за пристап до податоци, и најави дека за се ќе ја информира јавноста. Рече и дека не е комплетиран нејзиниот кабинет, кој треба да се доекипира. 

Контактирав со министерката Ангеловска вчера и таа рече дека ќе работиме согласно процедури. Но, процедури се прават за нешто во тек на изработка, а не за готови конечни документи“, рече Кочовска. 

Нагласи дека нејзина задача е најпрво да обезбеди услови за работа. 

„Нема да кочам процеси, но нема да дозволам злоупотреба на финансии за изборни цели“, рече дополнителната заменичка министерка. 

Возврати министерката Нина Ангеловска. Лажна вест е, вели таа, дека има забрана за комуникација на вработените со дополнителната заменик министерка. Според неа, целта на оваа вест е политичко поентирање. Ангеловска рече дека Министерството за финансии е најтранспарентно досега, за што има пофалби и од меѓународни институции. Сите информации за состојбата во трезорот се достапни до јавноста преку порталот "Отворени финансии". 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка