Нема надомест за невработените Австријци ако не се вакцинираат
Објавено во: Економија 17 Септември, 2021
Aко не се вакцинираат, невработените Австријци нема да добиваат надомест од државата.
Австриската служба за вработување (АМС) ќе ги блокира надоместоците за невработеност за оние кои не сакаат да се вакцинираат.
Иако во Австрија нема општа обврска за вакцинација, сe повеќе компании бараат вакцинација против коронавирус од новите вработени.
Во Долна Австрија, обврската за вакцинација е во сила во сите провинциски служби од 1 септември. Ваквите правила сега имаат последици и за невработените.