НЕМА НАПРЕДОК: Историчарите не ја отворија темата за Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021
Нема напредок за учебниците, а усвоен е само еден записник, на онлајн средбата меѓу македонските и бугарските историчари.
Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април. Единствениот исход до дводневните разговори е што е усвоен записникот од 10-тата средба, а за 11-тата и за годишниот извештај ќе се разговара во текот на месец март. Во записниците бугарските историчари ја проблематизираат употребата на придавката „македонски“. Во 2021 година се очекува комисијата да има пет состаноци.