Нема ни вода, ни струја, пешачи по 3 км до училиштето, но ги има сите петки
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2019
Амледина Сеферовиќ има 7 години, и живее во Горажде, БиХ.
Ова девојче е единствено од ромска националност во училиштето. Нема вода, нема струја, живее во метален контејнер, пешачи по 3.5 км до училиште, но ги има сите петки.
„Моето дете секој ден од училиштето си доаѓа среќно, а за зимски распут е малку тажна затоа што не ги гледа наставниците и другарите“, вели нејзината мајка, Алиса Кратовац.
Додава дека условите за живот се тешки, затоа што седум члена живеат во контејнер, немаат вода, ниту струја, но нема да се откажат.
Живеат со 75 евра, а родителите се невработени и се пријавени во Биро за вработување.
Сабина Џебо, педагог во училиштето вели дека условите во кои живеат се тешки, но родителите се одговорни, детето посетува настава и има одличен успех.