20 Април, 2024
0.0272

Нема повеќе лихварски камати за „брзите“ кредити: Кои се ограничувањата

Објавено во: Финансии 08 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Вкупните годишни трошоци за потрошувачките „брзи“ кредити можат да бидат максимум 55 отсто од кредитот. Со закон се ограничува висината на каматите на овие кредити.  Порано годишните трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500 отсто од кредитот. Со измените се опфаќаат и мали кредити под 200 евра кои претходно, не беа законски опфатени.

Денес во Министерството за финансии заменик министерката за финансии Ширет Елези оствари средба со претседателката на Организацијата за заштита на потрошувачи Марјана Лончар, на која беа презентирани измените на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

„За да ги заштитиме граѓаните, а воедно и да го намалиме ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ги направивме овие законски измени. Со нив се намалуваат и вкупите трошоци за кредитите. Со измена на Законот сега вкупните трошоци на кредитот се лимитираат на 55%, или 5 пати по стапката на казнената камата од 11%. За споредба претходно не постоеше лимит, така што давателите на кредити за мали износи и куси временски рокови наплаќаа двојно или тројно повисока сума трошоци од главнината. На пример за земен кредит од 12.000 денари на два - три месеци, граѓаните требаа да вратат 36.000 денари, рече заменик министерката Елези.

Претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја поздрави иницијативата на Министерството за финансии за измени на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

„Оваа измена е особено важна за сите нас како потрошувачи  од причина што се ограничува годишната стапка на вкупни трошоци за потрошувачки кредити.Поволно за потрошувачите е тоа што со законските измени се овозможува законот  да се применува и на кредитите до 200 евра кои досега не беа опфатени со овој закон,  додека кај потрошувачите  се создава заблуда затоа што најчесто овие кредити се рекламираат како кредити без камата, а всушност пресметаните трошоци претставуваат скриена камата.  Од тие причини ОПМ апелира измените да бидат што побргу усвоени - рече Маријана Лончар, претседател на ОПМ.

Текстот на законот е поставен денеска на ЕНЕР, така што сите засегнати страни можат да оставаат предлози и коментари. Министерството за финансии ќе ги земе предвид и внимателно ќе ги разгледа сите сугестии пред пуштање во владина процедура.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин