Нема производство на „Тојота“во Европа уште три недели
Објавено во: Економија 30 Март, 2020
Автомобилскиот гигант „Тојота“ нема да ги отвори фабриките во европските
земји до 20 април .
Погоните во Европа засега остануваат затворени поради поради ширењето на новиот
коронавирус, Ковид-19, најавија од страна на јапонскиот производител. .
Ширењето на коронавирусот ги погоди сите земји во Европа, каде што „Тојота“ има свои фабрики, пред се во Турција, Португалија, Велика Британија, Полска, Чешка, Франција и во Русија. Инаку, цо 2019 година авто-компанијата имаше производство од околу 780,000 возила во Европа. Јапонскиот гигант претходно пак, го запре производството и во своите фабрики во Северна Америка и во Југоисточна Азија, но само делумно.