Нема ригорозни царини за Србија и БиХ, Косово ги укина
Објавено во: Балкан 01 Април, 2020
Косовскиот
премиер кој е во оставка, Аљбин Курти, синоќа објави дека Владата на Косово донела
одлука да ги укине ригорозните царини на производите од Србија и од Босна и
Херцеговина. Тој исто така нагласи дека ќе се воведе и реципроцитетна мерка
која ќе се однесува за Србија, истакнувајќи дека тоа нема да важи и за Босна и
Херцеговина.
Одлуката на косовската Влада, од синоќа на полноќ стапи на сила, а ќе важи до 15 јуни. Потоа, како што информира Курти, повторно ќе се разгледуваат резултатите од примената на оваа одлука.