НЕМАА МЕСТО КАДЕ ДА ГИ ЗАКОПААТ МРТВИТЕ: Но, шефот на државата, Болсонаро е се уште невакциниран, мораше да вечера на улица во Њујорк
Објавено во: Свет 21 Септември, 2021
Бразилскиот
претседател Жаир Болсонаро, кој присуствува на Генералното собрание на
Обединетите Нации во Њујорк, синоќа
вечераше парче пица на улица на Менхетен бидејќи не е вакциниран. Според
наводите на Ројтерс, министрите од неговиот кабинет, кои заедно со него се во Њујорк, објавија фотографија на која се гледа
како јадат пица на улица.
И покрај огромниот број на смртни случаи во земјата поради компликации од ковид, што го прави Бразил со повеќе од 590.000 починати втрорангирана држава, шефот на државата, пред да замине на Генералното собрание на ОН, се пофали дека се уште не е вакциниртан против корона вирусот.
Болсонаро ги занемари и апелите на градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, светските лидери да се вакцинираат пред да учествуваат во дебатата на Генералното собрание на ОН, бидејќи од неговиот Кабинет соопштија дека сите учесници во дебатата ќе мора да имаат доказ за вакцинација за да влезат во дебатната сала.
Инаку, бразилскиот претседател Болсонаро ќе биде првиот шеф на држава што ќе зборува денеска на генералната дебата на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.
ФОТО: Твитер