НЕМААТ МИР: Им се појави уште една паравојска
Објавено во: Балкан 17 Септември, 2018
Во Словенија се појавила нова паравоена формација.
Новинската агенција СТА, пишува дека вооружени и невооружени припадници на новата паравоена формација се фотографирале како вежбаат на 4 септември и фотографиите ги објавиле на Фејсбук.
Словенечката полиција почна истрага по објавувањето на информациите за формирањето на паравоена формација наречена „Крањска гарда“.
Политичарот Андреј Шишко е уапсен поради формирањето на „Гарда на Шатерска“, за што беше обвинет за уривање на Уставот на Словенија. За овој случај се води истрага.
Засега нема информации дали двете групи се поврзани на некој начин.
Властите откако се појавија информации за првата паравојска, соопштија дека тоа е подривање на Уставот на Словенија.