НЕМАЛО НИТУ ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО КОРОНА: Град во Италија нуди куќи за едно евро
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2020
Град во Италија каде нема коронавирусот продава куќи за 1 евро, но ако купувачот прекрши едно правило ќе мора да плати казна.
Властите на Чинквефронди во Калабрија, покренале програма која што овозможува во нивната општина да се купи куќа за едно евро.
Програмата насловена како „Операција Убавина“, треба да го реши проблемот со заминувањето на младата популација.
Во текот на пандемијата во општината немало ниту еден случај на зараза.
Сите кои што ќе одлучат да купат куќа по повластената цена, ќе мора да ја реновираат во наредните три години. Купувачите ќе мора да платат специјален данок од 250 евра.
Доколку во наведениот рок куќата не биде реновирана, сопственикот на ќуката ќе биде казнет со 20.000 евра.Вакви понуди имало и порано од градови во Италија.