19 Април, 2024
0.0280

Немаме пари како Европа, но имаме талентирана младина желна за знаење!

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Вељковиќ Матеја, Трајковски Андреј, и  Георгиевски Петар се тројца средношколци од  Средното електро техничко училиште  “Михајло Пупин”од Скопје  кои ја освоија првата европска награда за  иновативно користење на 3D печатачи и нивна примена во образовни цели.Во конкуренција помеѓу  250 проекти од училишта и факултети од цела Европа нивниот изум  “DRINK MIXER 9001” со кој процесот на мешање на два вида пијалок  е полуавтоматизиран ги освоил позитивните критики кај меѓународното жири.

Професорката Даниела Сандева вели дека успехот на  тројцата ученици од профилот електротехничар за компјутерската техника и автоматика  е успех на целото училиште и предизвик нивните нови идеи да бидат уште поинтересни и иновативни. 

“Станува збор за натпревар на европско ниво, во кој се бараше иновативно користење на 3D печатачи и нивна примена во образовни цели. Проектот кој ја донесе победата на тимот од СЕТУГС “Михајло Пупин”-Скопје  е “DRINK MIXER 9001”. Со него процесот на мешање на два вида пијалок  е полуавтоматизиран. Идејата која започна како предизвик резултираше со голем успех. На Ultimaker-овиот предизвик имаше пријавено  250  проекти од факултети и училишта од цела Европа. Само од регионот (Србија, Босна, Црна Гора и Македонија) учествуваа 35 градови , 84 училишта и факултети со 61 проект. Победниците беа прогласени на “BETT 2017” – саем на Европско ниво за примена на иновативни технологии во наставата од страна на меѓународно жири”- вели професорката Сандева.

Иако на пазарот на труд работодавачите бараат квалификувана работна сила од техничките науки,  интересот за упис  во средните учишта е за општествените науки. Според професорката Сандева мора да се направат конкретни чекори кои ќе ги мотивираат учениците да се запишуваат во техничките училишта преку кои полесно ќе можат да најдата вработување и да ја креираат својата иднина.

“За поголема  мотивација на учениците наместо општествените учениците да ги бираат техничките науки   потребно е наставните програми да се модернизираат, да се воведе практична настава на реално работно место-дуално образование, да се модернизираат лабораториите и кабинетите по практична настава, континуирана соработка со работодавачите  и печатење на учебници по сите предмети”- вели професорката Сандева.

Во моментов  според неа примената на иновативните технологии во наставата  е на занемарливо ниво, но очекува токму оваа награда да биде причина повеќе да се работи на развојни и иновативни проекти.

“Со оваа награда во средното техничко  училиште  ќе може да  се модернизира наставата  со што ќе може да се изработуваат нагледни средства, разни предмети  , ќе се работи со новитети кои за жал во јавните училишта инаку не се достапни  и ќе ги инспирира учениците за понатамошни успеси. Сигурна сум дека и самите ученици ќе дадат нови идеи за користење. Во последната година ние како училиште бележиме зголемен интерес за упис во нашето училиште, а посебно и поголем број на девојчиња што ни претставува големо задоволство”- потенцира професорката по компјутерска техника и автоматика.

Од она што успеале да го видат на натреварот како што вели  ние можеби немаме материјални можности како остатокот од Европа, но затоа имаме талентирана младина које е желна за знаење, ентузијастички расположена да одговори на поставени предизвици во рамките на можностите. 


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож