НЕМАВМЕ ПРОБЛЕМИ СО ШЕЌЕРОТ, ТУКУ СО ЕДЕН ТАЈКУН КОЈ САКАШЕ ДА ЗАРАБОТИ ГОЛЕМИ ПАРИ - Вучиќ за недостатокот
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2022
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нема потреба да се прават залихи на шеќер, дека проблемот е решен, а за недостигот е одговорен тајкунот од областа Колубара, кој сметал дека е време да заработи огромни пари.
Запрашан дали има потреба од паника во врска со недостигот на шеќер, Вучиќ при обиколката на обиколницата низ Белград, од тунелот Стрежевица до Бубањ Поток рече:
"Нема потреба. Готово е. Веќе денеска во најголемиот број продавници пристигнаа дополнителни количини од 260 тони, а подготвивме уште 250 тони. Сега може да има проблем само ако некој сака само шеќер да јаде, ништо друго. Немаме проблеми со количината на шеќер, имавме проблеми со компанија од областа Колубара, со тајкун и некои други луѓе кои мислеа дека е време да заработат големи пари. Но, со тоа веќе се занимаваат и БИА и некои наши државни органи. Такса што, граѓаните ќе имаат повеќе од доволно шеќер, брашно, сол, масло, се“, рече Вучиќ и додаде:
Со истиот тајкун го имавме овој прфоблем и за некои други намирници, тој купи нешто мислејќи дека ќе може да ја измами државата и во моменти на тешка криза ги избегнуваше постоечките обврски, но успеваме се да завршиме и луѓето не треба да се грижат“, изјави Вучиќ.
Извор: Нова.рс