НЕМИЛ НАСТАН: 54 годишен Македонец починал во Банско
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2019
На бугарските зимски центри починал Македонецот Панче.
Според информации од бугарските медиуми 54 годишен маж со иницијали П.К. во близина на Банско доживеал инфаркт а брзата помош можела да констатира само смрт.
Немилиот настан се случил на паркинг на ски-патеката Кулиното а починатиот и претходно имал проблеми со срцето, пишуваат уште медиумите.
Овие денови бугарските зимски центри се соочуваат со голем број туристи но и незгоди. Пред една недела загинаа двајца сноубордери а петтмина Македонци беа извлечени од провалија во која паднале скијајки по неозначени патеки.