НЕОБИЧЕН ПОДАРОК: Што му даде Ким на својот јужнокорејски колега?

Објавено во: Свет 20 Септември, 2018
Ким Џонг-ун, севернокорејскиот лидер му испрати необичен подарок на својот јужнокорејски колега, Мун Џае-ин.
Се работи за голема количина од ретките печурки мацутаке, информираше портпаролот на кабинетот на Мун.
„Додека претседателот и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, подарокот стигна во воздушната база во Сеул. Станува збор за два тони печурки“- вели Јон Јунг.
Мун дал инструкции печурките да им се поделат на раздвоените семејства на југот што не успеале да се сретнат со своите семејства во Северна Кореја.
Десетина илјади луѓе сè уште се разделени од своите семејства по крајот на Корејската војна, која траеше во периодот од 1950 до 1953 година.
Можеби ќе ве интересира
ТРГНАА ОД ГРЦИЈА КОН ЕУ: Позната е бројката на мигранти

Утврден датумот кога ќе престане поместувањето на стрелките на часовникот

Вечерва Месечината е најголема и најсветла во 2019 година

(ВИДЕО) Eден ден по пуштањето најбрзиот воз им се расипа

Венецуела ја тресе политичка но и економска криза, Мадуро не прифаќа американска помош и покрај гладот на граѓаните

Стотици заболени и хоспитализирани во Монголија по јадење во локалниот ресторан KFC

Река мигранти тргна кон Европа, ги запре ли некој?
