25 Април, 2024
0.0385

НЕОБИЧЕН СЛУЧАЈ: Жена осудена бидејќи по селото ги озборувала соседите

Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во бизарен судски процес кој се водел во Општинскиот суд во Бјеловар една жена (56) од мала населба во состав на Градот Гарешница, инаку пензионерка која добива пензија во износ од 1516 куни , е осудена поради тешко срамотење на своите соседи. Како што објавил прв сајтот Podravski.hr, судот ја осудил на условна парична казна од 5 илјади куни која нема да се изврши ако обвинетата во рок од една година не направи ново казнено дело.

Тужителите Иван и Ѓурица, кои живеат во Германија, тужбата против својата сосетка Марица, со која веќе подолго имаат нарушени меѓучовеки односи поради нерешени имотно правни прашања, ја поднеле кон крајот на март 2013. година.

Во тужбата наведуваат дека кон крајот на 2012 година, кога се вратиле дома од Германија, соседите и роднините ги известиле дека нивната сосетка ги клевети по местото и за нив зборува погрдни работи. Согласно судскиот процес судот сослушал седум сведоци и извршил бројни доказни постапки и утврдил дека нивната тужба има основа.

Средба во продавница

Во рамки на судењето сведоци потврдиле дека Марица во една прилика во

август 2012 година пред нивните соседи и познаници изјавила дека имале сообраќајка, дека се мизерни, и дека не знаат што прават а неколку месеци подоцна во октомври истата година, во една продавница Мариџа за нив изјавила дека сѐ изгубиле и дека нема веќе што да прават во Хрватска и дека може да се спакуваат и да одат со децата да живеат во Германија.

Сопружниците исто така утврдиле и дека во почетокот на 2013 година својата сосетка ја сретнале во една продавница во момент кога купувале храна за кучиња и дека таа при излегување од продавницата пред две жени и еден маж со прст покажала на нив и зборувала дека се луѓе кои јадат кучешка храна.

Утврдиле дека по тие навреди и клевети повеќе не може да одат во спомнатата продавница бидејќи им е срам. Додале и дека, поради се што зборувала Марица за нив, се чувствуваат понижено и потиштено и дека секој пат кога дојдат во Хрватска пријателите и познаници ги испрашуваат што се случува со нив и со Марица, поради што исто така им е срам.

Замолчела одеднаш

Обвинетата Марица во својата одбрана навела дека не се смета за виновна и навела дека никогаш не рекла за тоа што тужителите ја обвинуваат бидејќи тие зборови ги нема во својот речник, и дека не ги кажува никому па дури ниту на животни. Потврдила дека случаите за кои сведочеле сведоци навистина се случиле, но дека сведоците лошо утврдиле што таа и на кој начин зборувала за тужителите.

Тука меѓутоа застанала и не сакала повеќе да ја изнесе својата одбрана, односно да одговори на ничии прашања, па така ни на прашањата на својата одбрана.


Фото: CROPIX/REUTERS


Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“