29 Март, 2024
0.0250

НЕОБИЧНО: Бараат работници за Арктикот и Антарктикот

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Французите бараат работници кои би работеле во нивните бази на Арктикот и Антарктикот. 

Научниот институт  Paul-Emilea Victora за шест бази на наведените локации бара 40 луѓе за работа. 

Мора да се знае француски јазик, а бараат хемичари, столари, пекари, слаткари и други профили. 

Од базите сакаат да имаат повеќе жени затоа што засега од 30 вработени, само 6 се жени. 

Сепак, луѓето мора физички и психички да бидат здрави затоа што во базите преку зима температурите паѓаат и до -80 степени.