28 Март, 2024
0.0255

Неоком стана „Златен партнер“ на Dell EMC

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Неоком АД ја надогради соработката со уште една од водечките светски компании од областа на информатичко-комуникациската технологија - Dell EMC на ниво „Златен партнер“. Соработката меѓу двете компании на потрошувачите ќе им донесе високотехнолошки ИКТ решенија, супериорна корисничка услуга и напредни крајни кориснички уреди (преносни компјутери, десктоп единици и висококвалитетни монитори).

Покрај ова, високото партнерско ниво е поткрепено и со достапност на висококвалификувани инженери кои се сертифицирани да одговорат на сите стручни барања на пазарот за воведување најнови ИКТ решенија и врвна корисничка поддршка. Неоком АД со ова ја потврдува својата квалитетна информатичко-технолошка експертиза, која во целост може да ги задоволи потребите на бизнис процесите на компаниите и на потрошувачите.

„Наша мисија е постојано да нудиме најдобри решенија за нашите клиенти, кои се базирани на современите трендови и иновации и нудат одлична поддршка за развој на компаниите. „Златното“ партнерство со DellEMC е потврда за високиот капацитет на нашата компанијa, но и за стручноста и професионалноста на нашиот тим. Верувам дека со тоа го поттикнуваме и севкупниот развој на ИКТ индустријата во земјава,“ истакнаГоран Кубелка – Техничкидиректор на Неоком АД.

Преку партнерската соработка со Dell EMC, Неоком АД дополнително го надогради своето портфолио на опрема и услуги од водечките светски компании од областа на ИКТ. Како кориснички ориентирана компанија Неоком АД постојано ги следи потребите на пазарот континуирано работејќи на развој и имплементација на најновите трендови од ИКТ решенијата и услуги во насока на задоволување на потребите на корисниците.

Неоком АД е една од водечките компании во ИКТ секторот, со речиси 30 годишно искуство во својата дејност. Во своето богато портфолио на услуги Неоком АД им нуди на своите корисници комплетни ИКТ решенија по принципот „клуч на рака“, решенија за безбедност на податоци, комплексни системи за комуникација и решенија креирани според специфичните потреби на корисниците. Сето ова надополнето со портфолиото на услуги во облак (neoCloud) на корисниците им овозможува брза и лесна транзиција во дигиталната трансформација.

Следејки ги потребите на корисниците, во 2004-та година Неоком АД го основаше Неотел - телекомуникациски и интернет оператор, нудејќи им на своите клиенти врвни услуги и во овој сегмент.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира