29 Септември, 2024
0.0814

НЕОПИСИВА БОЛКА ЗА СЕМЕЈСТВОТО, НО ЗАГУБА ЗА АРМИЈАТА: Шекеринска и Пендаровски се простија од починатиот војник

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово.

Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија.

Вечен спомен, нека почива во мир, напиша претседателот Стево Пендаровски на фејсбук.



Претходно сочувство изрази и министерката за одбрана Радмила Шекеринска

„Длабоко ме потресе веста за смртта на припадникот на нашата Армија кој се наоѓаше во мисија во Косово. Неописива е болката на неговото семејство, но и загубата за Армијата, неговите колеги и пријатели, и за сите нас. Сочувство до семејството. Нема зборови за утеха во овие мигови. Неговиот спомен ќе остане засекогаш во нас, вели таа.


Во болница во Приштина вчера попладното околу 18:15 часот ненадејно починал професионалниот војник И.Ч кој имал 44 години, а кој бил во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата.

На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови вчера му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот.

Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен во болница во Приштина како најблиска здравствена установа, каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар.


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО