Неработен ден и продолжен викенд во Македонија
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2019
Месецов ќе имаме неработен ден и продолжен викенд.
По повод Националниот ден на Власите, 23 Мај е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.
Но, и 24. Мај е неработен ден.
„Св. Кирил и Методиј“ на 24 мај е неработен ден за сите граѓани.
На 24 Мај, ќе имаме уште еден споен викенд, бидејќи Денот на сесловенските просветители се паѓа во петок. Годинава неколку празници се паѓаат во неработни денови, но исто така неколку се со споени викенди. Следен неработен ден за сите граѓани на Македонија е 4 јуни (вторник) кога ќе се одбележува првиот ден на Рамазан Бајрам.