Нерешено гласање за одземање на имунитетот на Вељаноски
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2019
Комисиската расправа за имунитетот денеска заврши со нерешено гласање.
Со четири гласа „за“ и четири „против“ пратениците ја завршија расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски.
Извештајот од расправата на Комисијата за имунитетно - мандатни прашања најверојатно ќе се разгледува на собраниска седница во текот на утрешниот ден. Комисијата содржи 9 члена, но за време на гласањето бил отсутен пратеникот од ДУИ Агим Шаќири.
Во членот 54 од Деловникот е наведено дека врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.