19 Април, 2024
0.0302

NESCAFE 3 in 1 ги унапреди условите во библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје е опремена со нови компјутери, мебел и друга модерна опрема која ја донираше компанијата Nestlé која во рамки на кампањата NESCAFÉ 3in1 „Start Smart“ во текот на претходните месеци собираше средства за овој важен проект. За оваа цел, Nestlé во текот на кампањата која почна во февруари одвојуваше средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ, а новата опрема е на располагање за користење на сите заинтересирани студенти.

„Nestlé е свесна дека подобрувањето на квалитетот на живот и создавањето усоешни заедници почнува со образованието и затоа вложуваме големи напори да помогнеме во развојот на студентите во целиот регион“, истакна Ивана Лес, регионална бренд менаџерка на NESCAFÉ 3in1, по повод врачувањето на компјутерите на билиотеката. Сметаме дека приватниот сектор треба да им помогне мна младите луѓе кои трагаат по нови вештини и образование. Оваа акција е само една од бројните кои Nestlé ги спроведува со цел да ги унапреди условите во релевантните институции“, додаде таа.

Компјутерите, масите и столчињата се поставени во библиотеката на факултетот, а во план е, во насока со трендовите ма дигитализација, наскоро со помош на нив да се овозможи пристап до дигитализираната литература на библиотеката, за таа да биде уште подостапна за корисниците. Од библиотеката велат дека условите за учење, истражување, благодарение на оваа акција значително ќе се подобрат, а студентите и професорите ќе добијат ново катче за натамошен професионален развој.

Студентите кои ја користат библиотеката се многу задоволни со новата опрема која ни стана остапна благодарение на компанијата Nestlé и брендот NESCAFÉ 3in1“, вели деканот на Филозофскиот факултет проф. др. Ратко Дуев. „Благодарни сме што компанијата ја препозна важноста да се помогне во развојот на образованието и сигурни сме дека овој потег ќе го унапреди квалитетот на школувањето на многу млади луѓе и генерации што доаѓаат“, заклучува Дуев.

Студентните и другите корисници на библиотеката, новите компјутери можат да ги користат за истражување, пишување трудови и други секојдневни обврски во текот на студирањето. Исто така, модернизираниот библиотекарски простор е погоден и за заеднички активности, организирање презентации, едукација и други студентски собирања.



Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга