НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАСТАН ВО БУГАРИЈА: Пратениците на Трифонов со автобус дојдоа на работа
Објавено во: Балкан 15 Април, 2021
Несекојдневен настан се случи во Бугарија. Пратениците на Слави Трифонов, од партијата „Има таков народ“ пристигнаа во Националното собрание со автобус.
При влегувањето во парламентот, тие ги поздравија демонстрантите, но ги заобиколија медиумите и не дадоа коментар на првиот ден од нивната работа. Заменик-претседателот на партијата, Тошко Јорданов, рече дека нема да коментира ништо однапред. Претседателот Трифонов ќе даде заклетва преку интернет затоа што е во карантин поради коронавирусот.