19 Април, 2024
0.1700

Нешков го обвини Димитров - бил поопасен од коронавирусот

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Новинарот и сопственик на агенцијата БГНЕС, Љубчо Нешков тврди дека македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров е поопасен од коронавирусот за Софија, во гостување на телевизијата „Бугарија Он Ер“ пред два дена.

Нешков вели дека Димитров е одговорен за „антибугарската пропаганда“ во Македонија во изминатите 10-тина месеци, која што, пак, според него, била причина Бугарија да стави вето за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„Ветото е логичен крај на политиката на лажење, измама и омраза која што почна пред 10-тина месеци во соседна Македонија. Таму си има и конкретен виновник за тоа што се случува, по тоа прашање и тоа е поранешниот министер за надворешни работи, сега министер за евроинтреграции Никола Димитров, кој брутално почна да ги саботира меѓусебните односи, почна да оди по европските држави. Јас, освен што сум роден во Скопје, сум живеел во Брисел и оценката за Никола Димитров во моментов е потврдена и би било убаво македонскиот премиер да се замисли за резултатите од неговата дипломатска мисија. Тој е поопасен од коронавирусот“, кажа Нешков.

Според Нешков, Димитров е лицемерен, едно зборува во Софија, а сосема обратно во Брисел.

Во Македонија има реакции за интервјуто кое Нешков го направи со Заев. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?