24 Април, 2024
0.0294

NETWORKER ќе ги претвори твоите проблеми во можности

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Веројатно си запознал човек кој за кратко време успеал да ти најде решение за проблем што долго време си го имал. Таквиот човек секогаш е спремен да ти помогне - или ако не може лично, познава некој што може.

Тимот на Networker, реши да го издигне ова на ниво на професија, преку вмрежување со соодветните луѓе, финансиски институции, партнери и заедници со взаемни интереси.

Потрошувачкото општество и брзите трендови наметнаа темпо кое е тешко да се следи. Обичните луѓе останаа заглавени во минуси на картици и кредити за нешто што е тренд да се поседува. Претприемачите мотивирани да направат нешто, преплавени се со море од информации и потенцијални бизнис можности, но не знаат од каде да почнат. Постоечките компании пак, не знаат како да се прилагодат на трендовите и да ги искористат новите потрошувачки навики за експанзија на бизнисот.

Важноста од личност која ги има контактите и која може да те води низ сите чекори од процесот на креирањето на твојот личен финансиски план, лансирање на бизнис идеја или решавање на бизнис предизвик е поголема од било кога.

Затоа го креиравме Networker.

Основачите на Networker, Сања Митровска и Славе Ангелов, создадоа тим кој има задача да го трансформира начинот на кој луѓето и бизнисите се соочуваат со тековните предизвици.

Networker е дизајниран да посредува помеѓу потребите и интересите на засегнатите страни. За оние со финансиски предизвици правиме финансиски план кој ја вмрежува финансиската реалност на клиентите со понудата на финансиски продукти на пазарот. За бизнис ентузијастите покрај креација на бизнис моделот и процесот на основање на компанија, правиме вмрежување со инвеститорите и клиентите продавајќи ја нивната бизнис идеја. Веќепостоечките бизниси ги вмрежуваме со потенцијални инвеститори, партнери, клиенти и финансиски институции со цел оптимизација на трошоците, дигитализација на процесите и експанзија на бизнисот.

„Веруваме дека не постои проблем што не може да прерасне во можност. Тука сме за да ги мотивираме, вмрежиме и водиме луѓето во наоѓање решенија преку истражување на креативни начини за соочување со предизвиците. Услугите кои ги нуди Networker ќе бидат бесплатни за корисниците. Веруваме во создавањето на една високорастечка заедница, која ќе биде фокусирана на целосно искористување на можностите“

Се гледаме во Networker! Советувањето е бесплатно, исто како и кафето. :) Закажете средба тука >>https://www.networker.mk/

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка