20 Април, 2024
0.0251

Неум ‒ Интернационален подводен филмски фестивал 2021

Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Подводниот филмски фестивал „Неум 2021“ ќе се одржи во Неум, на 27 и 28 август 2021 година, под покровителство на Општина Неум. На првиот ден од подводниот филмски фестивал ќе има проекции на филмови кои се во официјална конкуренција, а на вториот ден ќе има едукативни и еколошки работилници за подводно снимање, како и избор на техники и безбедност, наречени „Подводен свет“.

Иво Микулиќ, автор и основач на подводниот филмски фестивал „Неум“, вели: „Имаме одлични реакции и голем број апликации од автори од целиот свет за натпреварувачкиот дел на фестивалот за подводни филмови „Неум“. Во моментов броиме над 250 регистрирани филмови. Нашата цел е да размениме искуства и нови практични знаења, како од авторите, така и од пошироката целна јавност. Нашата задача е преку подводниот филмски фестивал да го зајакнеме и да го поддржиме општеството во врска со еколошки активности и спречување на загадувањето на реките, морињата и крајбрежјата.“

Како што веќе знаеме, подводниот филмски фестивал „Неум“ ќе биде европски центар на подводни филмови, а според организаторите, филмовите доаѓаат од Босна и Херцеговина, Хрватска, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Индија, Иран и од многу други земји. Услов за пријавување на фестивалот е филмот да е сниман, најмалку 50 % од времето, под вода, море, езеро, базен, река и слично. Организаторите велат дека ѕвездите на овој фестивал се токму креаторите на овие филмови, заедно со публиката. Тие сакаат фестивалот да се одржи во живо, но доколку во меѓувреме се донесе одлука за забрана за собирање, во тој случај фестивалот ќе биде одржан онлајн.

Првиот подводен филмски фестивал ќе прогласи:

  Најдобар филм на фестивалот

  Најдобар БХподводен филм

  Најдобар еко-филм

  Најдобра музика и

  Најдобра камера

Доколку имате подводен филм, побарајте инструкции како да го пријавите вашиот филм на www.uff.ba или www.filmfreeway.com

Подводниот филмски фестивал „Неум“ е специфичен според темата и формата, бидејќи е отворен за сите категории на население, како и за сите категории на автори (од аматери до професионалци). Филмовите за подводниот свет ги привлекуваат и ги афирмираат авторите и ги охрабруваат владите, политичарите, креаторите на јавното мислење и екологистите, да делуваат со посилен и поинтензивен ангажман за да придонесат за зачувување на подводниот свет и на морската флора и фауна.Дојдете на фестивалот во Неум и уживајте во нуркањето. Повеќе инфо на www.uff.ba


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!