15 Декември, 2019
0.0234

Неверојатната приказна за тоа како Пепси стигна во Македонија

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2019

Пепси брендот е роден во 1898-ма година, многу пред Бијонсе, Бекам, Меси и останатите да го пијат со сласт на малите екрани. Производ на изумителот на Пепси, Кејлеб Брадам, пијалокот е омилен меѓу светската популација повеќе од еден век!

Во Македонија сепак, е дојден малку подоцна, во 1979-та, верувале или не поради еден судбоносен телефонски разговор. Имено, во мемоарите на Претседателот на управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски, запишана е ситуација од мај 1978-ма кога стигнува телефонски повик во неговата канцеларија: „Господине Самарџиоски, дали би биле љубезни да не примите мене и уште еден човек на состанок?“

Луѓето кои по неколку денови доаѓаат во Прилеп се Ричард Хајнрих, шеф на бирото на ПепсиКо за Југоисточна Европа во Виена, и Антун Халожан, менаџер на ПепсиКо за Југославија. Првите разговори за доаѓањето на големиот светски бренд во Македонија се правени верувале или не, во прилепски ресторан, каде високите преставници од ПепсиКо за прв пат во својот живот пробале прилепски ширден!

Очигледно, им се допаднал и разговорот и специјалитетот, бидејќи неколку месеци подоцна во луксузниот хотел Интерконтинентал Загреб е остварена нова средба, овој пат со потпретседателот на целата ПепсиКо компанија Херберт Лај, а на 19 април 1979-та во Прилеп е официјално потпишан договорот за лиценца со кој Прилепска Пиварница добива ексклузивно право за производство и полнење на пијалоците од ПепсиКо групацијата.

Кирил Самарџиоски и Херберт Лај, Прилеп, 19 април 1979

Во неверојатниот сплет на околности веројатно има и голема доза на среќа, посебно поради тоа што години отпосле, откако станале и добри пријатели, г-дин Халожан му открил на г-дин Самарџиоски дека судбоносниот повик од мај 1978-ма дошол по неколку неуспешни обиди да се најде партнер на ПепсиКо во Македонија. Американците се сретнале со повеќе други производители на пиво и пијалоци, но за среќа за Прилеп, ниту еден не ги исполнил очекувањата и критериумите на ПепсиКо.

Гледајќи од оваа перспектива, очигледно е дека треба среќа во бизнисот, но среќата може да донесе една фирма само до одредена точка, натаму се е знаење, умешност и истрајност. За квалитетот на Прилепска Пиварница говорат признанијата кои компанијата ги има добиено од светскиот гигант.

Прилепска ја слави 40 годишнината на Пепси во Македонија со десетици високи признанија од ПепсиКо групацијата. Бронзени, сребрени и златни награди за квалитет, како и највисокото признание – Chairman’s Circle of Champions, за врвни перформанси во работењето. Награда која е толку ретка, што Прилепска Пиварница беше единствената фабрика во Европа која ја доби таа година.


По 40 години и повеќе од 50 милиони долари инвестирани во Македонија за маркетинг и производство од Прилепска Пиварница и ПепсиКо, брендот на Пепси продолжува да биде исклучително силен чинител во македонската економија. Во тек е и наградна игра за прослава на јубилејот, во која секој ден од овој месец еден купувач на Пепси добива по 40.000 денари, а на 1 јули сите недобитни учесници ќе учествуваат во извлекувањето на големата награда од 400.000 денари.

Високи преставници од ПепсиКо и Прилепска Пиварница ќе се состанат на 18-ти јуни за прослава на овие 40 години соработка и здравица за уште многу децении понатаму.

На Македонија навистина и се потребни вакви успешни приказни. Во надеж за тоа да ги има што повеќе во иднина, нека им е честита 40 годишнината на Пепси во Македонија!

Можеби ќе ве интересира

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

ЈП Водовод и Канализација се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

ЈП Водовод и Канализација се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

ИутеКредит на Winterland во Скопје! Пари достапни веднаш во центарот на празничната еуфорија!

ИутеКредит на Winterland во Скопје! Пари достапни веднаш во центарот на празничната еуфорија!

Промовирана InnoTech Club, платформа за зголемување на свесноста за наука, технологија и иновации

Промовирана InnoTech Club, платформа за зголемување на свесноста за наука, технологија и иновации

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Тиго Фајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

Тиго Фајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

А1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 - најголемиот гејминг настан за оваа година

А1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 - најголемиот гејминг настан за оваа година

Професионалната ориентација-откривање на способностите и афинитетите на учениците

Професионалната ориентација-откривање на способностите и афинитетите на учениците

Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух

Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух