28 Март, 2024
0.0340

НЕВЛАДИНИ ДА МОЖАТ ДА ДАДАТ ПОТВРДА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО НА РОМИТЕ - предлага Аваја

Објавено во: Македонија 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Врз основа на јавните информации изнесени во јавноста после преговорите помеѓу Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, во насока на разговорите за решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, меѓу кои се и Ромите, Аваја ја изнесува следната реакција и предлог решенија за проблемот.

„Реакцијата и загриженоста на граѓанското движење Аваја е во насока на документите кои се наведуваат како потребен доказ за добивање на државјанство, бидејќи лицата без државјанство од ромска етничка припадност не може да поседуваат ниту еден од наведените документи: ученички и здравствени книшки, работнички и штедни книшки во банки, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделско или друго даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствените власти со кои што се потврдува постојаното живеење на територија на Република Северна Македонија“, се вели, меѓу другото, во реакцијата.

Имено лицата кои што немаат државјанство, а по распадот на СФРЈ многу лица кои што ги пропуштиле предвидените рокови од најразлични причини за добивање на државјанство согласно тогашните закони (немање на средства или подоцна вратени од азил или биле во државата меѓутоа имале стари документи или стара лична карта од Социјалистичка Република Македонија и сл.) најчесто немаат имот на свое име или пак живеат во нелегализирани објекти. Немањето на имот на свое име значи дека овие лица не можат да извадат лична карта со соодветна адреса. Со немањето на адреса се оневозможува добивање на сметка за струја, вода или пак било која давачка на свое име. Најчесто децата на овие родители и да посетувале училиште не биле во можност да добијат свидетелство или книшка поради лавиринтите на системот. Штедни книшки или сметки во банка се исто така документи кои не ги поседуваат овие лица.

„Затоа ги предлагаме следните решенија :

Прво: Во наведените документи како еден од потребните докази за добивање на државјанство да биде потврда/документ издаден од страна на правно лице НВО, регистрирано согласно законите во државата. Во нашата држава постојат невладини организации кои долги години работат со овие лица преку различни програми и проекти и кои може официјално да го потврдат живеењето на овие лица на територија на државата. Станува збор за НВО кои имплементирале проекти во најразличните сфери како што се едукативни проекти, проекти за документација, застапување и сл. пришто НВО можат точно да го наведат периодот на почетокот на работа со овие лица.

Второ. Наведуваме дека измените во насока на добивање на државјанство треба да ги опфатат и лицата идентификувани на терен за кои беше донесен Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени затоа што овие лица по 5 години во системот на посебните книги треба да имаат основ за поднесување на барање за добивање на државјанство. Со воведувањето на потврда/документ издаден од НВО како еден од доказите треба им се овозможи и на овие лица кои имаат привремен извод и идентификациона исправа да добијат државјанство со сведоштво на 3 сведоци (изјава заверена на нотар и потврда/документ од НВО).

Трето. Воедно, предлагаме измена и дополнување на Законот за неевидентирани лица во делот на добивање на идентификациона исправа. Измената и дополнувањето треба да биде во насока на лицата апатриди кои се без државјанство и без лична карта / лична карта за странци (лица кои што живеат и се наоѓаат во државата а притоа немаат основ за добивање на државјанство од било која друга држава). На овие лица исто така треба да им се овозможи да го потврдат и образложат своето живеење на територијата на државата со сведоштво на сведоци т.е. изјави заверени на нотар. Сведоштвото на овие сведоци дадени под материјална и кривична одговорност можат да бидат доказ за добивање на идентификациона исправа (лична карта). Со издавањето на идентификационата исправа овие лица исто така ќе може да влезат во категоријата на потенцијални лица кои би можеле да добијат државјанство со сегашните предложени измени во насока на добивање на државјанство. Искуството со добивање на посебна иденитификациона исправа од МВР е во тек согласно законот за неевидентирани лица кој што стапи во сила во февруари 2020 година.

Овие решенија ќе биде адекватни затоа што моментално овие категории на лица се приморани на секој начин во сопствената држава каде што се родени, да добиваат изводи без матичен број означени како xxxxx, да вадат странски лични карти и да плаќаат годишно осигурување, а притоа бездржавјаните/апатридите најчесто не може да го направат тоа затоа што немаат соодветни документи и пасош, имот или престој во странската држава за да може да патуваат и да ги извадат потребните документи кои што се потребни за вадење на странска лична карта“, се вели во реакцијата на Аваја.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант