20 Април, 2024
0.0284

Невладини организации: Поминаа два месеци од бегството на Груевски, каде е извештајот?

Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Неколку невладини организации ги потсетија МВР и Обвинителството дека поминаа два месеци од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија и дека е поминат разумниот рок за објавување на официјалниот извештај за тоа како успеал да ја избегне двегодишната затворска казна, а побараа и оставка од првиот полицаец Оливер Спасовски.

„На 4 декември 2018 година, како граѓански организации најостро ја осудивме неажурноста на институциите во спроведувањето на истрагите поврзани со утврдување на пропустите и одговорноста за бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски. Побаравме истрагите итно да завршат најавувајќи дека, доколку тоа не се случи, ќе побараме политичка одговорност на највисоките функционери. Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство најави дека предистражната постапка ќе заврши во рок од две недели и дека јавноста ќе биде информирана, што не се случи. Сметаме дека навршувањето на втор календарски месец од бегството е разумен рок за на јавноста да и’ бидат соопштени информации околу истрагите кои се водат како и да се утврдат пропустите на институциите кои што во конкретниот случај биле надлежни да постапуваат. Одолговлекувањето ги подгреа сомнежите на јавноста и дополнително придонесе да се зголеми перцепцијата дека културата на неказнивост опстојува во Македонија“, стои во нивното соопштение.

На истото се потпишани Институт за демократија Социетас Цивилис- Скопје, Институт за европска политика, Институтот за човекови права , Коалиција сите за правично судење, Младински образовен форум , НВО Инфоцентар и Центар за економски анализи.

„Во минатите две реакции ги идентификувавме потенцијалните точки во системот каде што недвосмислено може да се утврди одговорност, и тоа без оглед на исходот на официјалната истрага, која треба да ја утврди евентуалната одговорност и на останатите институции. Затоа сметаме дека е неопходно да се преземе политичка одговорност односно да следуваат оставки од Министерот за внатрешни работи, Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и Директорот на Агенцијата за разузнавање. Сметаме дека евентуалната кривична одговорност, која се’ уште се утврдува, не ги ослободува посочените од политичка одговорност! Понесувањето политичка одговорност за случајот со бегството на Груевски е единствениот начин власта да покаже дека има сериозна намера да се бори против културата на неказнивост, која - да не заборавиме - беше главна карактеристика на поранешната власт особено кога стануваше збор за највисоките функционери“, се додава во соопштението.

Од таму велат дека не смее да се заборави дека токму несправувањето со овој феномен може да биде сериозна пречка во европските интеграции и дека заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ јасно укажуваат дeка е неопходно зајакнување на владеењето на правото и воспоставување правна држава во која законите ќе важат за сите граѓани подеднакво. 

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга