НЕВРАБОТЕНА НЕ САКАЛА ДА ЧЕКА: Досега поминала половина свет
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2019
Сара Отузбир(25) од Травник две години барала работа, по што не успеала да најде работа во БиХ, и решила да ги одложи студиите и да замине на брод.
Таа е доказ дека во БиХ не може лесно да се најде работа.
„Едноставно ми „пукна“ филмот и решив да отидам на крузер“, вели оваа девојка.
Сакала отсекогаш да патува и на свои 22 години се пријавила за работа на брод.
За „Princess cruises“ одработила два договори и го прошетала пола свет.
На брод девојката работи како келнерка во бар.
Ги посетила САД, Медитеранот, Хаваи, Тахири, Кариби, Нов Зеланд и други места.
Таа на брод не работи за плата, туку на процент. Вели дека е убаво да се врати дома, да може нешто да се дозволи за себе, но и да им помогне на родителите.