НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?
Објавено во: Економија 27 Септември, 2024
Бројот на невработени во Германија се зголеми повеќе од очекуваното.
Бројот на невработени во Германија се зголеми за 17.000 во септември на вкупно 2,82 милиони, што е повеќе од очекуваното од аналитичарите на Блумберг. Тие предвидуваа зголемување на бројот на невработени за 13.500 лица.
Стапката на невработеност во Германија во септември изнесуваше шест отсто, исто како и минатиот месец, се наведува во извештајот објавен денеска на германската Федерална агенција за труд.
Структурните проблеми на германската економија постепено се одразуваат на пазарот на трудот, изјави менаџерот за истражување на ИФО, Клаус Волрабе.foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.