НЕВРЕМЕ ОТКОРНА НАД 50 ДРВЈА: Москва е во мрак
Објавено во: Свет 15 Јули, 2020
Руската престолнина Москва е во мрак по силното невреме.
Околу 150 населени места останаа без електрична енергија.
Силниот ветер искорна 51 дрвја, оштети едно возило.
Аеродромите Домодедово, Жуковски и Шереметјево, работат нормално и покрај лошите временски услови.
Службите за итни случаи предупредија на обилен дожд, грмежи и засилен ветер.