Невреме уби заменик градоначалник
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2018
Невреме синоќа ја погоди централна Полска, при што загина заменик градоначалникот на Воломина, Роберт Маковски, а 10 луѓе се повредени.
Маковски загинал синоќа кога врз него паднала гранка од дрво.
Од утринава 74.000 семејства се без електрична енергија.
Во невремето се оштетени 300 објекти, а пожарникари интервенирале повеќе од 4.300 пати.
Големо невреме ја зафати синоќа и австриската покраина Штаерска, при што се повредени повеќе лица.
Обилниот дожд доведе до поплави и огромна материјална штета во австриската покраина Штаерска. Од силниот ветер се искршени гранки од дрвјата, кои ги блокирале патиштата, предизвикувајќи штета на покривите од повеќе куќи во јужниот дел на покраината.
Во местото Гнас едно дрво паднало врз автомобил со четворица патници. Според полицијата, три лица се повредени и префрлени во болница.