НЕВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА И АВСТРИЈА: Има и жртва
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2018
Силно невреме со обилни врнежи од дожд и град зафати делови од Германија.
Невремето зад себе остави поплавени улици, продавници, домови, срушени стебла, заробени автомобили и луѓе во нив.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се прикажани последиците од невремето.
Едно лице загина во невремето што вечерва зафати делови на Австрија, јавија локалните медиуми.
Во градскиот парк во Грац гранка од дрво паднала врз еден човек и го усмртила, информира претставник на противпожарната служба во градот.
Невремето во Австрија било проследено со обилни врнежи и силен ветар.