НЕВРЕМЕ ВО ЗАПАДНА СРБИЈА: Поплави, скршени дрвја, искинати пластеници
Објавено во: Балкан 18 Март, 2018
Невреме има и во западна Србија.
Силен ветар минатата ноќ направил многу штета во селата кај Ивањица, пишува српската агенција Бета.
Има скршени дрвја, керамиди од куќи, а искинати се и пластеници.
Најмногу штета има во селото Ерчеге. Во чачанскиот крај кај селото Балуга дошло до поплави поради обилните дождови кои наврнаа за 24 часа.
Излеана е реката Ботуња која поплавила 20 хектари ниви и селскиот пат.
Останатите населби на територијата на Чачак не се во опасност.