23 Април, 2024
0.0266

Неврологот Демерџиев за случајот „Метастаза“: Ми влегоа во ординација со специјалци, а потоа снимките му ги дадоа на Латас

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Неподвижни луѓе остануваат без пензија, а разни глумци, во спрега со лекари, комисии и посредници, вооружени со по неколку илјади евра, стануваат инвалидски пензионери со песна. Некои до целта доаѓаат и по партиски линија зашто партиските канџи го зграпчија и  системот за добивање инвалидски пензии. 

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 за време на викендов што изминува се разви дебата по истражувачката сторија „Лажни инвалидски пензионери за суми од по 3.500 евра“. во која се тври дека најмалку 77 граѓани од десетина градови во Македонија останале без своите инвалидски пензии и морале на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да му вратат илјадници евра, бидејќи со парите, како што утврдиле кривичниот и граѓанскиот суд, се стекнале без основа.

Граѓаните пред судовите тврделе дека не знаеле или не можеле да знаат дека нивните пензии се одобрени незаконски, за што биле осудени повеќе вработени во Фондот за ПИОМ. Но судиите не ги прифаќале ваквите тврдења, повикувајќи се на кривичната пресуда во случајот „Метастаза“, која покажала дека најмалку 77 граѓани, во период од две години, платиле пари за да добијат инвалидски пензии“, пишува, меѓу другото, во сторијата.

Неврологот Милчо Демерџиев како гостин во студиото и еден од условно осудените во „Метастаза“ рече дека неговите дијагнози биле подоцна злоупотребени, а тој се нашол неочекувано меѓу обвинетите.

– Не беше ништо докажано. Конкретно за мојот случај, се работеше за петнаесетина пациенти што имале наод од тогаш мојата приватна ординација. Таа дијагностика е обично за ишијас, а со таков наод не се добива ни боледување – рече Демирџиев.

Демерџиев е осуден во судскиот процес „Метастаза“ за незаконско доделување на инвалидски пензии и вели дека се обидува својата невиност да ја докаже, но тврди дека сите инситутции се затворени. Судењето според него било обична фарса, без вештачење, со апсурдни и смешни констатации и конструкции. 

– Ме обвинуваат за злосторничко здружување, а ние со колегите и со посочените сведоци и оштетени никогаш не сме имале контакт. Со моите наоди за ишијас не можете да добиете ниту боледување, а не инвалидска пензија. Ми влегоа во ординација со специјалци и камери во докторскиот простор кој е светост и после ги дадоа на Латас снимките да се вртат на телевизија со недели и да ме обвинат уште пред да започне судењето – вели Демерџиев. 

Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доаѓаат граѓани со тврдења дека им било барано пари од Комисијата за издавање на инвалидсски пензии, но кога инсистираме да пријават и официјално да го документираме случајот, се повлекуваат. Ние работиме на основа на докази, вели Јадранка Јовановска, раководител во ПИОМ. 

Во емисијата се вклучи и Снежана Караџовска, која ја раскажа својата тригодишна голгота додека да стигне до инвалидска пензија откако пред четири години по сообраќајка и’ биле ампутирани двете нозе.




Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...