29 Март, 2024
0.0244

Независните тестирања потврдија: Прочистувачот Blueair Health Protect е првиот во светот кој го отстранува живиот коронавирус од воздухот

Објавено во: Мои пари 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Водечкиот бренд за прочистувачи на воздух Blueairденескаобјави дека независните тестирања на моделот Blueair Health Protect 7400 потврдија дека тој целосно го отстранува живиот коронавирус (SARS-CoV-2) од воздухот. Со тоа, прочистувачот на воздух Blueair Health Protect и официјално е првиот во светот кој потврдено и докажано го уништува живиот SARS-CoV-2 вирус од воздухот во затворени простории.

Тестирањето на Blueair Health Protectго спроведе независната непрофитна истражувачка организација MRIGlobal во контролирани лабораториски услови, која ги потврди резултатите кои се смирувачка вест во периодот на пандемија. Покрај тоа што го уништува коронавирусот во затворените простории, револуционерниот прочистувач Blueair Health Protect е единствениот што обезбедува и 24/7 заштита од сите други вируси и бактерии, така што покрај него престојот дома и во работните простории е целосно сигурен и безбеден за здравјето на луѓето.

Овој револуционерен прочистувач е достапен и во Македонија, преку овластениот дистрибутер, компанијата „Екотип“.

- Blueair е водечки бренд во светот кој веќе 25 години ги користи најиновативните шведски технологии за да овозможи чист и безбеден воздух за сите. Притоа, успешноста на применетите технологии секогаш е подложена на независно испитување на трети страни со цел да се добијат објективни и релевантни резултати. Во период на пандемија, здравјето на луѓето е врвен приоритет, па затоа сакавме да им понудиме прочистувачи на кои со вистинска гаранција може да им веруваат дека ќе ги заштитат нив и нивните најблиски од коронавирусот – вели Илија Андреевски, генерален менаџер на компанијата „Екотип“.  

Blueair Health Protectвклучува најсовремена HEPA Silent Ultra технологија која комбинира електростатско и механичко филтрирање на воздухот, со што најефикасно ги отстранува вирусите и бактериите, прашина, полен, првут и мувла, како и непријатните мириси. Со тоа обезбедува 50% повеќе чист воздух, користи 55% помалку енергија и прави 10% помалку бучава отколку традиционалната HEPA филтрација. Исто така, овој прочистувач содржи и најнапредна Germ Shield технологија која активно ја следи просторијата, дури и кога прочистувачот е во состојба на мирување и се активира за да ги уништи микробите и да спречи развој на бактериите.

Повеќе информации за Blueair Health Protect може да најдете на https://www.filtracija.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија