25 Април, 2024
0.0303

Ни оваа година нема PayPal за продажба, се преминува на социјалните мрежи

Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Водачот на иницијативата за воведување на PayPal за наплата на продажбата во Македонија, Венко Глигоров, информира дека во 2018та година нема прогрес во реализацијата на иницијативата. Од Пејпал изјавија дека Македонија и банките не се спремни за соработка со Пејпал и дека тоа е главната пречка за воведувањето на овој светски сервис во Македонија.

"Испративме писмо пропратено со преку 1000 потписи од физички лица, фирми и професионалци со барање до државните иниституции да се заложат за воведување на PayPal во Македонија со можности за наплата на продажбата на производите и услугите преку PayPal.", вели Венко Глигоров. "Интересот на малите фирми и претприемачи е огромен, а се покажа дека нема доволен интерес кај државните иниституции ова да се реши."

Иницијативата се покрена во 2017та година и Министерството за финансии ја превзема да ја реализира. Освен една одржана работна средба во Министерството за финансии со банките, УЈП, Народната банка и Министерството за информатичко општество, нема официјален прогрес во иницијативата.

"Ги пробавме сите начини почнувајќи од дописи со потписи, работни средби, комуницирање со дел од луѓето во министерствата и сето тоа е без успех - ни преостанува да ги користиме социјалните мрежи за да го покренеме ова важно прашање. Сведоци сме дека централната и локалната власт побрзо реагираат на социјалните мрежи отколку преку традиционалните начини на комуникација", заклучува Венко Глигоров.

Неофицијално се дознава дека следуваат промени во законските прописи за платниот промет кадешто се предвидува либерализација на платниот промет.

Повеќе за иницијативата има на линкот https://www.loginsystems.biz/aktivnosti-paypal или со клик на хаштагот подолу.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка