НИКАКО ДА СЕ СИМНЕМЕ ПОД 10 ОТСТО - стапката денеска е 13,7 проценти
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020
Процентот на заразени од вкупниот број тестирани и денеска е висок и тој изнесува 13,7 отсто.
Оваа стапка се добива врз основа на бројот на тестирани и бројот на позитивни граѓани, а со оглед што во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.
Вчера, пак, стапката на заразеност била идентична, односно нешто пониска од вчера, и изнесувала 12,9 отсто.
Според здравствените параметри, стапката на заразени треба да изнесува околу 5 отсто или помалку, за да се смета дека состојбата со корона вирусот во земјата е под контрола.
Во последниов период земјава не само што не успева да се симне до пет отсто, туку речиси постојано има стапка над 10 проценти.
Денеска се регистрирани 136 новозаболени, и шесмина починати, од кои двајца млади на 42 и 46 години.