19 Април, 2024
0.0251

Никоб ги згази конкурентите со оперативни капацитети, технологија и кадар: Анализа на топ петте агенции за обезбедување

Објавено во: Економија 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Со над 143 возила со кои секојдневно се сервисира патролното обезбедување и транспортот на пари и вредносни пратки располага Никоб - број еден компанијата на пазарот за обезбедување во земјава. Фактор ги анализира ресурсите на топ петте друштва кои доминираат на овој пазар. Никоб во 2018 година е компанија која прокнижи 671 милион денари како вкупни приходи и го бетонираше првото место по овој финансиски параметар меѓу конкурентите. Анализа на ресурсниот потенцијал покажува дека компанијата го има приматот и по овој основ. Во ова продолжение на серијата текстови за состојбите во бизнисот за приватно обезбедување сепак нема комплетни податоци за сите пет фирми. Фактор побара одговори, но не доби целосни податоци од сите иако ресурсниот потенцијал е многу важен оти врз основа на тој треба и да се врши изборот на агенција за обезбедување. Инаку бројките за финансиската кондиција кои ги објавивме претходно се од јавно достапните податоци во регистарот.

Анализата за бројот на вработени и за влогот во кадарот ја исплива Никоб на водечката позиција исто така. Според тие податоци оваа фирма во 2018 година, има вкупно 1.503 вработени или практично половина од вработените во сите пет компании заедно.

Но кој какви услуги нуди и со што рапсолага за да ги опслужува граѓаните и фирмите?

Лидерот на пазарот, Никоб нуди услуги за физичко обезбедување, патролно обезбедување односно мониторинг и мобилни патроли, но врши и транспорт на пари и вредносни пратки и продажба и сервисирање на безбедносните системи, како и видеомониторинг.

 За физичкото обезбедување во 2018 година ангажирани се дури 1.112 луѓе, додека мобилно секојдневно патролираат 450 вработени. Компанијата поседува 90 патролни возила, додека вкупно 24 возила се блиндирани и се користат за транспорт на пари и вредносни пратки. За оваа услуга ангажирани се 60 лица. Во делот за продажба и сервисирање на безбедносни системи има вработени 43 лица, а вкупниот број на возила кои се користат за оваа намена изнесува 19. Во видеомонитринг, ангажирани се вкупно 47 лица. Просечната старост на возниот парк на компанијата Никоб е две години.

С.Г.С компанијата која го држеше приматот во 2017 година, следната или во 2018 година оствари вкупни приходи од 263 милиони денари. Во компанијата се ангажирани 711 лица во 2018 година но оттаму не се одважија да коментираат за тоа колкав е нивниот ресусрен потенцијал. Колку вработени за која услуга се ангажирани, со што ги вршат услугите – останаа неодговорени дилеми.

Перпетуумобиле Секјурити ДООЕЛ, компанија која лани има приходи вредни 206 милиони денари  и го зазема третото место во рангирањетпо на топ петте, исто така врши неколку типа услуги – меѓу нив физичко обезбедување, техничко обезбедување, патролно обезбедување и обезбедување на транспорт на пари и вредносни пратки. Од компанијата не прецизираат за кој тип услуга какви ресурси поседуваат.

„Располагаме со соодветни возила за вршење транспорт на пари и вредносни пратки, ГПС уреди, метал детекторска опрема, Xray уреди, EAS системи, системи за видео надзор и алармни системи, соодвтени возила за патролно обезбедување, соодветна опрема согласно работното место, стои во нивниот одговор.

Нема детали за просечната старост на возниот парк на компанијата.

Во Перпетуумобиле Секјурити во 2018 година како вработени се евидентирани 608 лица.

Во Оса компанијата која од работењето во 2018 година оствари вкупни приходи од 192 милиони денари, не доставија податоци за реусрсите со кои располагаат, додека во МДН обезбедување, фирмата која се најде на последната позиција во топ пет друштвото по остварени приходи ги нудат услугите за физичко обезбедување, патролно обезбедување и мониторинг, техничко обезбедување и видеомониторинг.

Од компаијата тврдат дека имаат современи технички системи и уреди за обезбедување, патролни возила, стручни работници. Нема детали за ангажираните работени по услуга и другите ресурси со кои располагаат. МДН обезбедување лани оствари вкупни приходи од 258 милиони денари, а вработува 258 лица.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб