20 Април, 2024
0.0263

Никој не го виде. Останува нејасно дали Путин денеска се капеше во мраз-вода

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Руските медиуми денеска останаа без фотографии и видео-снимки од официјален Кремљ, како и прециен одговор дали рускиот претседател Владимир Путин и оваа година се нурна во ледените води на некоја од руските езера и реки за празникот Богојавление. Минатата година се спушти во езерото Селигер, кое лежи на север од главниот град, а за тоа беше објавено видео-снимка и фотографии.

Од руската влада одговориле дека Путин учествувал и оваа година, но не прецизира каде точно шефот на државата го сторил тоа, иако засега е потврдено дека претседателот го следел празникот во московскиот регион.

Претходно, прес-секретарот, Дмитриј Песков, изјави дека Путин веќе неколку години по ред се впушта во отвор на кој прво му се крши мразот. Традицијата го симболизира крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Во Русија нуркањето во отвори со подмрзната вода традиционално се одржува од 18 јануари до 19 јануари на еден од главните православни празници. Тоа не се смета за црковен обред, туку народен обичај. Во исто време, Руската православна црква, генерално, нема ништо против.

И покрај ниските температури, кои во некои региони паднаа на околу 40 степени под точката на замрзнување, капењето на Русите не изостана во замрзнатите реки и езера. Во изминатите години, многу политичари и дипломати го следат овој ритуал. 

Во најстудениот регион во државата Јакутија, каде што температурите паѓаат до 42 степени под точката на смрзнување, локалниот гувернер исто така се приклучи на толпата во капењето во реката Лена.

Резултатите од анкетите објавени од страна на руските медиуми во петокот покажаа дека секој петти испитаник ќе плива во подмрзната вода, што е за 15 отсто повеќе од минатата година.



Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато