НИКОЈ НЕ СЕ СПАСИ ОД ВТОРИОТ БРАН - балканските држави избројаа рекордни новозаразени
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2020
Ако во земјава втриот бран почна практично веднаш после првиот, во другите балкански држави кои малку здивнаа од КОВИД-19, сега е веќе дефинитивно јасно дека вирусот се враќа на сцената. Тоа го покажува бројот на новозаразените во овие држави во изминатото деноноќие.
Во Србија во последните 24 часа евидентирани
се 386 новозаразени со коронавирус, а вчера беше црн ден во таа земја и во поглед на жртвите, бидејќи починаа 18 лица.
Во последното деноноќие во Албанија регистриран е нов рекорд, односно позитивни на КОВИД-19 биле 90 лица.
Во Хрватска, пак, беа регистрирани 116 новозразени со Ковид-19, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на епидемијата.
И во Бугарија порасна бројот на заразени, односно во последните 24
часа се регистрирани 330 нови случаи. И во Грција имало зголемен број позитивни случаи, од кои повеќето кај туристи.