НИКОЈ НЕ ВОДЕЛ РАЗГОВОРИ СО ЗАХАРИЕВА ЗА ДА БИДЕ ПРЕМИЕРКА - таа вели: не може партијата со најмногу гласови да не се обиде да предложи влада
Објавено во: Балкан 13 Април, 2021
Со мене не се водат разговори. Ова е одговорот на вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на прашањето дали со неа е разговарано да биде следниот премиер во кабинетот на ГЕРБ во утринското гостување на БТВ.
Според неа, официјалните разговори со партиите ќе започнат по свикувањето на новиот состав на парламентот и не може најголемата политичка сила во земјата да не се обиде да состави нова влада.
„Почекајте уште малку. Кога ќе дојде моментот ќе бидат предложени и составот и премиерот. Сите опции се на маса. Сите партии на изборите излегоа со паролата „не на ГЕРБ“, но изборите завршија и дојде време да кажат „за“ што се и што ќе работат, изјави Захариева.
Потоа таа оваа своја изјава за БТВ ја сподели и на својот фејсбук профил.Кажав за БТВ дека најголемата политичка сила, која победи по петти пат по ред, не може да не се обиде да предложи влада - ние имаме одговорност пред гласачите. Освоивме 24 области, 169 општини, имаме 14 проценти разлика со втората во 13-та повеќечлена изборна единица во Пазарџик.
„За време на предизборната кампања, сите партии излегоа со пароли против ГЕРБ. Омразата е силно чувство, но не обединува и не е конструктивна. Изборите завршија и сега тие треба да кажат за што служат, за што ќе работат“, вели Захариева.