Никола Димитров „најомразен“ македонски политичар во Бугарија
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2021
Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров повторно се најде на тапет кај бугарските медиуми, а вој пат бугарскатa агенција БГНЕС оценува дека поранешниот македонски министер за надворешни работи шири омраза кон Бугарија.
- И овој пат најактивен во омразата против Бугарија беше поранешниот министер за надворешни работи и актуелен вицепремиер Никола Димитров, кој рече дека „Бугарија не може да се нарече пријателска земја“, пренесува БГНЕС.
Агенцијата оценува дека „премиерот Зоран Заев во негов стил ветува и верува во брзо решение на споровите меѓу двете земји“.